English 
Македонски
TEMPUS PROJECT CD_JEP_17016-2002
RESTRUCTURING AND UP-DATING POWER ELECTRICAL ENGINEERING STUDY
 

    Насловна страна
    Што е ново?
    Преглед на проектот
Конзорциум
Опис на проектот
Цели на проектот
Академски тим
    За проектот
Реализирани мобилности
Планирани мобилности
Реализирани состаноци
Планирани состаноци
Опрема
Скрипти и практикуми
Активности
Предавања и тренинзи
Галерија
    Линкови
Конзорциум
Насловна на Темпус
    Архива
    Пребарување
    Пишете ни
 

 

Преструктуирање и осовременување на студиите на насоката Применета електротехника и автоматизација

TEMPUS Project CD_JEP_17016-2002

Апстракт: Цел на проектот е да се преструктуираат и осовременат студиските и наставните програми на додипломските студии на насоката Применета електротехника и автоматизација (ПЕА), како и на последипломските студии на насоката Електрични машини, трансформатори и апарати (ЕМТА), за да се приближат до Европските стандарди. Во таа насока ќе бидат воведени нови наставни предмети, нови наставни методи и нови лаборатории. Со тоа ќе се создадат услови за воведување на Кредит Трансфер Системот (КТС) и на Електротехничкиот факултет, со што студиите би станале компатибилни со Европскиот високообразовен систем.

Што е ново?

 

 

  • Два студента кои беа вклучени во активностите во рамките на овој ТЕМПУС проект, од вкупно четири кои ќе ја претставуваат Македонија, ќе учествуваат на Студентската ТЕМПУС Конференција која ќе се одржи во Брисел од 19-21. април 2007 година во организација на Европската комисија од Брисел.
  • На 28. февруари 2007 година во 12 часот во Лабораторијата за електрични машини и трансформатори ќе се одржи студентска Конференција - Students' achievements во рамките на активностите на ТЕМПУС проектот JEP-CD-17016-2002. На неа ќе земат учество студенти кои ќе ги презентираат своите семинарски работи изработени во рамките на мобилностите за периодот есен-зима во учебната 2006/2007 година.
  • Седмиот состанок на членовите на Конзорциумот се одржа од 12-14. февруари 2007 година во Скопје.
  • На 13. 02. 2007 во вторник со почеток во 10 часот на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии во Скопје, ќе се одржи работилница за дисеминација на постигнатите резултати во рамките на ТЕМПУС проектот CD_JEP-17016-2002 со присуство на сите членови на Конзорциумот на проектот и пошироката академска јавност. Презентацијата ќе ја изведат членовите на академскиот тим и претставник на студентите, вклучени во реализацијата на проектот. Работилницата ќе се одржи во салата за состаноци на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии во Скопје.
  • На 14. 02. 2007 година (среда) со почеток во 9:30 часот проф. Емил Леви од Универзитетот Џон Мурс од Ливерпул ќе одржи туторијал на тема Multiphase Machines and Drives. Предавањето ќе се одржи во училницата при Лабораторијата за релејна заштита на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии во Скопје.
  • Студентските мобилности привршуваат и веќе 6 студенти се вратија од тие мобилности кои беа изведени во Виго, Атина и Ливерпул.
  • Порачана е дополнителна опрема од фирмата Lab-Volt.
  • Формирана е и опремена лабораторијата за CAD-CAM.
  • Во последните месец дена одбранети се две дипломски работи кои беа изработени во рамките на ТЕМПУС програмата.
  • Шестиот состанок на членовите на конзорциумот се одржа од 6-7. ноември 2006 година во Париз.
  • Селекцијата на студентите е направена и студентските мобилности се во тек.
#
Презиме и име
Вкупно
Место на реализација Период
Цел
1
Вулетиќ Јовица
126.568
Хелсинки
12.11.2006-9.02.2007
1 семестар настава
2
Витанова Сања
121.269
Виго
3. 10. - 1. 11. 2006

феријална пракса

1 месец

3
Јорданова Зорица
119.693
Виго
3. 10. - 1. 11. 2006

феријална пракса 

1 месец

4
Томаноски Лазар
114.747
Ливерпул
18. 11. - 17. 12. 2006

феријална пракса

1 месец

5
Велевски Дејан
108.111
Атина
30. 09. - 23. 12. 2006
1 семестар настава
6
Ковачевски Мартин
106.393
Атина
30. 09. - 23. 12. 2006
1 семестар настава
7
Зотевски Гоце
103.544
Атина
30. 09. - 23. 12. 2006
1 семестар настава

 

  • Новите изборни предмети во IX-ти семестар:

           1. Енергетски преобразувачи 2            3+0+2   (доц. д-р Гога Цветковски)

           2. Ветрогенератори                                  3+0+1   (доц. д-р Влатко Стоилков)

                се активирани и наставата е веќе започната.

 

Последно ажурирање на 22. април 2007 од Гога Цветковски